Дома Македонски спорт Со Mozzart до историски успех – Синиша Кочоски, првиот Македонец со трофеј во ФИМ Европскиот шампионат

Со Mozzart до историски успех – Синиша Кочоски, првиот Македонец со трофеј во ФИМ Европскиот шампионат

Македонскиот мотоциклист Синиша Кочоски, зад кого застана регионалниот лидер во приредување игри на среќа Mozzart, продолжува да одушевува со своите резултати и во новата сезона и стана првиот Македонец со подиум на престижниот ФИМ Европски шампионат!

На првиот викенд од Алпе Адриа шампионатот, на патеката „Словакиа Ринг“ забележа нов голем успех.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кочоски својата одлична форма ја потврди и на легендарната патека во Словачка и на двете трки го освои третото место во ФИМ Европскиот шампионат и со тоа стана првиот македонски мотоциклист со ваков успех во историјата.

„Задоволен сум од настапот и постигнатиот резултат. Со оглед на тоа што за првпат се натпреварувам на оваа патека, а претходно немав многу можност за тренинг, двата подиуми се огромен успех за мене. Ова ќе биде стимул плус за нови одлични резулати оваа сезона. Голема благодарност до Mozzart, кои веруваа во мене и ми дадоа поддршка, верувам дека заедно ќе постигнеме уште многу успеси“, рече Кочоски.

Покрај двете трети места на ФИМ Европскиот шампионат, Кочоски освои деветто и единаесетто место во силната конкуренција во Алпе Адриа.

Следен предизвик за Кочоски се двете трки во Серес, Грција во рамки од БМУ Европскиот шампионат, на кој минатата сезона беше шампион во најсилната категорија, а сега сезоната ја отвори со две втори места.

Mozzart и натаму продолжува да биде ветер во грб на Македонскиот мотоциклист, да го поддржува во наредните трки и заедно да освојат уште многу трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…