Дома Фудбал Ветеранот Кваљарела во солзи се збогуваше од Сампдорија 🎥

Ветеранот Кваљарела во солзи се збогуваше од Сампдорија 🎥

Екипата на Сампдорија не успеа да се избори за опстанок во Серија А, но тоа не беше причина навивачите на вистински начин да се збогуваат со 40-годишниот Фабио Кваљарела.

Кваљарела имаше важна улога во натпреварот против Сасуоло во кој Самподорија освои бод. Во финишот тренерот Дејан Станковиќ го повлече од игра.

Тоа беше и најемотивниот момент на стадионот во Џенова. Навивачите се поздравуваа со легендарниот напаѓач, а тој не можеше да ги задржи солзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јајсле сака повторно со Тони: Њукасл подготвува јануарски потег?

Иван Тони е меѓу напаѓачките цели на Њукасл за зимскиот преоден рок, а Матијас Јајсле наво…