Дома Фудбал Англија Мурињо: Со сите клубови имам блиски односи, освен со еден

Мурињо: Со сите клубови имам блиски односи, освен со еден

Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот веќе две децении и има богата кариера.

„Специјалниот“ водеше гиганти како Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и сега е тренер на Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мурињо истакна дека со сите клубови каде што работел има блиски односи, освен со Тотенхем.

„Тотенхем е единствениот клуб со кој немам блиска врска. Веројатно затоа што стадионот беше празен за време на Ковид и поради тоа што претседателот Даниел Леви не ми даде да играм финале и да освојам трофеј. Но, тоа е само еден клуб во мојот живот со кој се случило тоа“, изјави Мурињо.

„Во сите други клубови секогаш сум имал солидна врска бидејќи луѓето не се глупави. Не се работи за победи или порази. Фановите разбираат дека јас се борам секој ден за нив. Во мојот случај, јас сум Романиста, Мадридиста, Интериста. Секогаш ќе бидам приврзан за Рома и за другите клубови каде што работев“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…