Дома Македонски спорт Мак фудбал Ѓорѓиоски разочаран: Аматеризам како во Грција нема никаде и Мурињо таму не би направил ништо!

Ѓорѓиоски разочаран: Аматеризам како во Грција нема никаде и Мурињо таму не би направил ништо!

Maкедонскиот стратег Илчо Ѓорѓиоски си замина од второлигашот Калмата од каде што пред неколку дена добил отказ, заедно со помошникот Владимир Димитровски.

За грчките медиуми, Ѓорѓиоски отворено зборуваше за проблемите и го критикуваше раководството на клубот, истакнувајќи го големиот аматеризам кој владеел во текот на неговиот престој.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во клубот Ѓорѓиоски помина нешто повеќе од три месеци и тоа што таму го доживеал во тој период не му се случило никогаш претходно.

„По моето доаѓање ми беше кажано дека повеќе немаме шанси за успех оваа сезона и да се фокусирам на правење тим за наредната сезона. По само месец ипол се падна во вода. Организациски тимот е катастрофа, на гостување во Крит патувавме 15 часа, стигнувавме таму на денот на натпреварот. Само на два натпревари бевме таму еден ден претходно. Теренот за тренинзи беше катастрофа…Повеќе од 2.5 месеци работевме без анализи, тоа е како да возите автомобил со затворени очи. На крајот никој не ме извести дека сум сменет, прочитав во медиумите. Се што се случуваше беше многу разочарувачки“.

На сите такви проблеми, му било кажувано и кого да игра, а кого не.

„Доаѓаат пред натпревар и ми кажуваат не го играј Асиба и не прашувај зошто. Многу луѓе зборуваат со претседателот и му кажуваат што сакаат, не ми се веруваше како новинар има толку големо влијание врз него“.

„Таму не се знае кој носи играчи. Никој не ми кажа дека пристигнале два нови играчи, се доведоа пет напаѓачи, а ниту еден играч во средината. Тоа би било исто како Сити да доведе пет играчи како Халанд и ниту еден како Де Брујн. Верувајте, тука и Мурињо да дојде нема ништо да направи“, изјави Ѓорѓиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…