Дома Фудбал Англија Гвардиола го пофали Де Зерби: Тој е највлијателниот менаџер во последните 20 години

Гвардиола го пофали Де Зерби: Тој е највлијателниот менаџер во последните 20 години

Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата оваа сезона и се бори за излез во Европа, а сите комплименти одат на работата на тренерот Де Зерби.

Италијанецот ги импресионираше сите оваа сезона, а особени пофалби доби од неговиот колега Пеп Гвардиола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Внимавајте што ќе кажам. Сигурен сум во тоа што го кажувам, Роберто е еден од највлијателните менаџери во последните 20 години. Нема тим што игра на начин како што играат тие, тоа е уникатно. Имав чувство кога пристигна дека ќе има влијание во Премиерлигата, но не очекував да го направи тоа толку бргу“.

„Тие креираат 20-25 шанси по натпревар, повеќе од речиси сите противници, ја монополизираат топката на начин каков што одамна не е виден. Сите се вклучени во играта, голманот игра како фудбалер од средниот ред. Ако не играте на високо ниво, ќе ви прави што сака. Тие се еден од тимовите од кои се обидувам да научам многу“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…