Дома Фудбал Италија Циркусот во Серија А нема крај: Јувентус пред нова казна!

Циркусот во Серија А нема крај: Јувентус пред нова казна!

Вистински хаос во Италија е ситуацијата околу Јувентус на кого вчера му беа одземени десет бода откако претходно му се вратија 15-те одземени. Но, изгледа дека административните проблеми за торинскиот клуб нема да завршат тука.

Циркусот во Серија А започна со шокантната казна од одземање на 15 бодови, подоцна тие бодови на Јувентус му се вратија, за вчера да му се одземат нови десет. Сето тоа се случува во сред сезона, па така Јувентус сезонава беше од второто мето, па до долниот дел на табелата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Таквата ситуација не беше добра ниту за другите конкуренти бидејќи не знаеа на што се, за тоа отворено зборуваше Жозе Мурињо (ТУКА).

Сепак, ова можеби и не е крајот на целиот циркус. Како што објави „Газета дело Спорт“, Јувентус го чека уште едно судење кое е закажано за 15-ти јуни, нешто помалку од две недели по завршувањето на сезоната. Во прашање е случајот околу малверзациите со платите, партнерството со други клубови и агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…