Дома Фудбал Италија Брахим Дијаз сака да остане во Милан

Брахим Дијаз сака да остане во Милан

Шпанскиот плејмејкер Брахим Дијаз, кој игра во Милан како позајмен фудбалер на Реал Мадрид, сака да остане во италијанскиот гигант.

Синоќа против Сампдорија Дијаз одигра одлично, запиша две асаистенции и постигна гол, а потоа појде пред навивачите и го бакна логото на клубот.

„Го бакнав логото бидејќи во тој момент го почувствував тоа. Среќен сум тука во Милан, се чувствувам многу добро во овој клуб, не знам што ќе се случи со Реал Мадрид“, изјави Брахим Дијаз.

Двата клуба наскоро ќе седнат на преговарачка маса, бидејќи и Милан исто така сака да го задржи Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…