Дома Фудбал Луд натпревар во Англија: Шефилд се врати од 4:0 и преку пенали избори плеј-оф финале!

Луд натпревар во Англија: Шефилд се врати од 4:0 и преку пенали избори плеј-оф финале!

Натпревар за фудбалските анали се одигра вчера во Англија за пласман во Чемпионшип од Лига.

Во првиот натпревар од полуфиналето Шефилд Венсдеј загуби од Питерборо со 4:0, а во реваншот следуваше епски пресврт, можеби и најголем во историјата на англискиот фудбал.

Регуларните 90 минути завршија со истиот резултат 4:0, но во корист на Шефилд. Во продолженијата видовме по еден гол и на двете страни, а потоа Шефилд на пенали се избори за место во финалето.

Шефилд Венсдеј во својата историја четири пати беше шампион на Англија, меѓутоа во Премиер лигата последен пат играше од 1992 до 1999 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шведска преживеа драма за елитата, Данска ја порази Португалија без Роналдо

Швеѓаните победија со 3-2 и покрај налетот на БиХ во второто полувреме. Австрија исто така…