Англиските клубови Манчестер Јунајтед, Њукасл и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо, пренесува Фабрицио Романо.
Скаути на трите клубови ќе го следат настапот на Тобидо против Рен, а веќе спремаат понуда за трансфер од 45 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.
Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Се очекува на лето готово сигурно да направи трансфер во Премиер лигата, а останува да видиме во кој клуб.
🚨 Representatives of Newcastle, Manchester United and Liverpool were present for Nice-Rennes to watch Jean Clair Todibo. 🇫🇷🔍
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 11, 2023
His price-tag is estimated at €45M.
(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/97tBYQAQpE