Френк Кеси е еден од играчите кој на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона, тврди каталонски „Спорт“.
Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чави исто така смета дека Кеси не се вклопува во неговиот стил на игра, па Барселона го стави на продажба.
Иако се шпекулираше со негово враќање во Италија, сепак Кеси во моментов е најблиску до Премиер лигата.
Имено, Тотенхем покажува силен интерес за играчот за врска и е спремен да понуди 25 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.
Интер и Јувентус исто така се заинтересирани за Кеси, но го сакаат на позајмица.