Дома Фудбал Фудбалерите не го сакаат повеќе Алегри, Јувентус му најде замена

Фудбалерите не го сакаат повеќе Алегри, Јувентус му најде замена

Јувентус влезе во серија од неколку порази, а медиумите тврдат дека атмосферата во тимот е многу лоша.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека ситуацијата во соблекувалната е лоша и дека играчите се незадоволни од тренерот.

Покрај незадоволството од начинот на работа, играчите се незадоволени од односот на Алегри, кој влегол во расправија со неколкумина од нив.

Информациите се дека раководството веќе донело одлука да се раздели со Алегри на крајот на сезоната, а познат е и фаворитот за негов наследник.

Во Торино се фокусираат на намалување на трошоците и на долгорочно потпирање на играчите од нивната академија, па сакаат да го доведат Игор Тудор.

Тудор врши одлична работа оваа сезона во Марсеј и покажа дека е квалитетен тренер, а одлично го познава Јувентус бидејќи му беше помошник на Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…