Најдобриот играч во Премиер лигата од минатата сезона, Ријад Марез ова лето беше на мета на Арсенал, но на крајот сепак остана во Лестер.
Самиот Марез призна дека имало преговори за негов трансфер на „Емирати“, но не се реализирал бидејќи тој бил прескап за Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имаше контакти со Арсенал. Сепак, Лестер сакаше да ме задржи, а јас бев прескап за Арсенал, па поради мојата превисока цена пропадна трансферот“, изјави алжирскиот репрезентативец.
„Не сакав да правам никакви конфликти кога пристигна понудата од Арсенал, но јас лично мислам дека е добро што сето тоа заврши вака. Сега останува на мене да продолжам да се докажувам“, додаде Марез.