Дома Фудбал Барселона обезбеди 1,5 милијарда за реконструкција на „Камп Ноу“

Барселона обезбеди 1,5 милијарда за реконструкција на „Камп Ноу“

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона објави денеска дека обезбеди 1.6 милијарди евра за реконструкција на својот стадион „Камп Ноу“ која ќе почне на 1 јуни.

Парите се обезбедени од 20 инвеститори и дел од нив се „главни престижни финансиски ентитети во светот“, а управата соопшти и дека имотот на Барселона не е користен како гаранција за обезбедување на парите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со реконструкцијата капацитетот на стадионот ќе се зголеми од 99.300 на 105.000 седишта.

Во клубот очекуваат градежните работи да завршат до 2026 година, а првиот тим на Барселона додека трае реновирањето своите натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион.

По завршувањето на реконструкцијата Барселона очекува да заработува 247 милиони евра годишно само од стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…