Пјер Емерик Обамејанг на лето сигурно ќе го напушти Челзи, а негова желба е да се врати во Барселона.
Тој дојде во Челзи по барање на Тухел и не добива голема минутажа, па сака да ја промени средината, а и „сините“ сакаат да се ослободат од него.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми пренесуваат дека Обамејанг стапил во контакт со Чави и сака да се врати во Барселона.
Барселона во него гледа како идеална алтернатива за Левандовски во нападот, бидејќи добро го познава тимот и минатата сезона одлично се вклопи во тимот.