Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Мегваер за нас е важен фудбалер и пример

Тен Хаг: Мегваер за нас е важен фудбалер и пример

Манчестер Јунајтед загуби од Севиља во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа и така беа елиминирани од второто по ранг натпреварување во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Следен предзивик за фудбалерите на Јунајтед e натпреварот во ФА Купот кој ќе го играат викендов.

„Секој натпревар е тест, секоја сезона е тест. Мора да заслужите да го носите овој дрес. Исто е и кога си менаџер. Сите сме во ист брод. Во текот на сезоната забележавме напредок. Стекнавме искуство, но имаме уште работа. Ова е голема можност за нас, полуфинале во ФА Купот е важен натпревар“, изјави Тен Хаг.

Најголеми критики по елиминацијата на Манчестер Јунајтед доби капитенот Хари Мегваер.

„Тој има важна улога. Хари е капитен и пример за сите во соблекувалната, ја води комуникацијата со менаџерот и ги мотивира соиграчите“, порача холандсакиот стратег.

Полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон на Вембли е закажан за в недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Холандски тренер на чело на гигантот од Ротердам!

Фејенорд реши новата сезона да ја започне со нов тренер. Во клубот одлучија да раскинат со…