Францускиот напаѓач Килијан Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, па веќе се шпекулора за неговиот следен чекор во кариерата.
Реал Мадрид претходно се обиде да го купи со 180 милиони евра, но не му успеа планот, па повторно е еден од најизантересираните клубови за Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот француски фудбалер Флорен Малуда откри дека го убедува Мбапе да потпише за англискиот гигант Челзи.
„Веќе некое време го убедувам да потпише за Челзи, иако не успеав во тоа, но нема да се откажам. Верувам дека Премиерлигата за него е идеална средина и може да му помогне да напредува уште повеќе во кариерата“, вели Малуда.