Интер е силно заинтересиран за десниот бек на Баерн Минхен и марокански репрезентативец, Нусер Мазрауи.
Мазрауи пристигна како големо засилување во Баерн од Ајакс, но не ги оправда во целост очекувањата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Мароканецот не добива голема минутажа во Минхен, па е спремен да ја промени средината, а Интер сака да ја искористи ситуацијата.
Интер поради финансиски проблеми сака на лето да го продаде Дамфрис, за кого има понуди од Премиер лигата, а во Мазраиу гледа идеална замена.
„Нероаѕурите“ ќе се обидат да го доведат на едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра.