Дома Фудбал Италија Проблем во Неапол: Наполи под истрага поради трансферот на Осимен

Проблем во Неапол: Наполи под истрага поради трансферот на Осимен

Виктор Осимен е прва ѕвезда на Наполи, но и во Серија А каде што е прв стрелец, а сега Наполи може да се соочи со проблем поради неговиот трансфер.

Наполи Нигериецот го доведе од Лил во 2020 година за трансфер вреден 71.2 милиони евра, сега таа зделка е под истрага. Дел од трансферот беа и четворица помалку познати фудбалери кои Наполи ги испрати во Лил (Клаудио Манџи, Луиџи Лигури, Чиро Палмиери и Орестис Карнецис,) финансиската полиција смета дека вредноста од 20 милиони евра на овие фудбалери е „измислена“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манци, Лигури и Палмиери воопшто не заиграа за Лил и веднаш беа испратени на позајмица, а потоа заминаа како слободни играч. Единствен кој остана грчкиот фудбалер Карнецис, но тој собра само три настапи за втората екипа на францускиот тим.

Манци и Лигури сега играат за Турис и Леко, екипи од Серија Ц (трет ранг во Италија), а Палмиери го носи дресот на Ночерина, клуб кој е еден ранг подоле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…