Дома Фудбал Се појави снимка која потврдува дека Валверде го удрил Баена 🎥

Се појави снимка која потврдува дека Валверде го удрил Баена 🎥

Шпанските медиуми по натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Виљареал објавија за инцидент по завршувањето на средбата.

Феде Валверде бил бесен од зборовите на Алекс Баена за време на натпреварот, па го пречекал на паркинг каде што го удрил со бокс.

„Плачи сега, вашето бебе нема да се роди“, му се обратил Баена на Валверде кој со својата партнерка чека бебе.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое на левата страна се гледа модринка на лицето на Баена, па така може да се потврди и дека инцидент имало.

Баерн даде изјава и за медиумите.

„Среќен сум што победивме, но и тажен за нападот по натпреварот. Навистина сум изненаден, никогаш не сум кажал такви работи“, порачал Баена.

Случајот бил пријавен и во полиција која имала снимки од инцидентот, па отворена е и истрага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…