Дома Трансфер зона Ливерпул ја „краде“ големата желба на Арсенал

Ливерпул ја „краде“ големата желба на Арсенал

Арсенал и Ливерпул го сакаат репрезентативецот на Еквадор, Моисес Каиседо и на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Брајтон веќе одби во јануари понуда за која се тврди дека била тешка 70 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови се спремни да понудат 90 милиони евра за неговиот потпис.

Арсенал долго време работи на трансферот, но сега Ливерпул се бори да ја добие битката за потписот, бидејќи Каиседо е најголема желба на тренерот Клоп.

Ливерпул на лето ќе прави реконструкција на средниот ред и приоритет е доведување на најмалку двајца врвни играчи за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…