Дома Фудбал Англија Пипо Инзаги после многу години му одговори на Фергусон за изјавата дека е роден во офсајд

Пипо Инзаги после многу години му одговори на Фергусон за изјавата дека е роден во офсајд

Легендарниот Пипо Инзаги стана синоним за играње на линијата на офсајд и прашање е каква би била неговата кариера во ерата на ВАР.

Пипо беше еден од најдобрите голгетери во Европа, а своевремено Алекс Фергусон даде легендарна изјава дека „Пипо е роден во офсајд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После многу години Инзаги во разговор за англиските медиуми му одговори на Фергусон.

„Да, знам за тој коментар на Фергусон. На среќа роден сум едно метро пред офсајд линијата, во спротивно не би постигнал толку голови“, се пошегува Инзаги.

„Шегата на страна. Играње на линијата на офсајд е моја типична карактеристика, нешто што постојано го користев. Се обидував да с кријан на линијата на офсајд и така да напаѓам. Тоа воопшто не е лесно, а Фергусон го знае тоа бидејќи многу пати играв против неговиот Јунајтед“, изјави Пипо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул експресно најде замени за повредениот Исак – две имиња се во конкуренција

Ливерпул се соочува со сериозен проблем во нападот по повредата на Александер Исак, што ги…