Дома Фудбал Миовски: Од дете навивам за Реал Мадрид, а секој сонува за Премиер лигата

Миовски: Од дете навивам за Реал Мадрид, а секој сонува за Премиер лигата

Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра во одлична форма оваа сезона, а тоа го потврди и во настапите за Македонија – постигна гол против Фарски Острови и асистираше против Малта.

Со головите во шкотското првенство Миовски го привлече интересот на повеќе клубови, се поврзуваше со Ремс од Франција,

Саутемптон од Англија, калчолигашите Болоња, Лацио и Специја…Вредноста на трансфер пазарот на Миовски изнесува четири милиони евра, а иако останува фокусиран на настапите за Абердин, сепак не крие дека негов сон како и на многу други е Премиер лигата.

„Сакам да му помогнам на Абердин да ги оствари целите оваа сезона и само така можам да им вратам на луѓето во клубот кои имаа доверба и ми дадоа шанса да играм во Шкотска. Не кријам, моја желба е да играм во тим од топ 5 првенства, секој сонува за Премиер лигата, па не сум исклучок ниту јас.

„Од дете навивам за Реал Мадрид, додека кога станува збор за Премиер лигата, таму омилен тим ми е Манчестер Јунајтед“, изјави Миовски за шкотските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка го урна Велс: Халанд стави точка, Белами остана на дното

Норвешка славеше со 3-1 во Осло, а Велс веќе не може да избега од последното место во груп…