Арсенал покажува сериозен интерес за фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз и сака да го доведе на „Емирати“, пренесуваат медиумите на Островот.
Шпанецот веќе трета сезона игра како позајмен фудбалер на „Сан Сиро“, а Милан на крајот на сезоната има можност да го откупи за 22 милиони евра.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, последниот збор ќе го има Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ имаат опција да го вратат во Мадрид за 27 милиони евра.
Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е спремен да понуди повеќе пари, па Реал ќе може да заработи.
Сепак, „кралевите“ конечната одлука за иднината на Шпанецот ќе ја донесат по завршување на сезоната.