Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви одлучи да го отпушти Антонио Конте на десет кола пред крајот на сезоната во Премиер лигата и на неговата позиција да го постави Кристијан Стелини.
Во прашање е човек кој беше помошник на Конте во Тотенхем, но и претходно во првата сезона на Конте во Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имаше обид Стелини за самостојна тренерска кариера, но тоа беше фијаско. Во сезоната 2017/2018 беше тренер на нисколигашот Алесандрија и доби отказ за помалку од шест месеци бидејќи запиша две победи на 14 натпревари.
Исто така во тие 14 натпревари неговиот тим постигна 13, а прими 18 голови. Претходно Стелини работеше во У19 тимоит на Џенова, но ниту таму не се прослави и имаше процент на победи од 53% во период од две години.
После неславните самостојни епизода, се врати во стручниот штаб на Конте во Интер и сега во Тотенхем. Со Тотенхем сега го има најголемиот предизвик, иако првичнот е поставен како привремено решение. Целта на „петлите“ е да обезбедат место во топ четири.