Дома Фудбал Англија Хаос околку новите понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Хаос околку новите понуди за купување на Манчестер Јунајтед

Последните часови од првично објавениот рок за поднесување втори понуди за купување на Манчестер Јунајтед се претворија во целосен хаос. 

Претставниците на двајцата главни кандидати за клубот, катарски инвеститори на чело со Хамад Ал Тани и Сер Џим Рактлиф, првично објавија дека двете групи ги доставиле своите нови понуди пред крајниот рок, кој беше одреден до 22 часот синоќа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според „Скај Спорт“, катарските инвеститори тврдат дека не сакале вакво продолжување и биле подготвени навреме да ја достават својата понуда, но откако добиле понуда за продолжување на рокот, решиле да ја искористат предноста.

Медиумите тврдат дека двајцата најголеми фаворити за преземање на клубот од „Олд Трафорд“ ќе понудат поголема сума на пари, но таа се уште е далеку од очекуваното на семејството Глејзер кое бара сума од 6 милијарди фунти.

Најблиску до оваа цифра се Катарците кои наводно ја зголемиле понудата пна 5 милијарди додека нема информација колку пари е подготвен да плати британскиот милијардер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Енрике по поразот: Знаевме дека ќе биде тешко…

ПСЖ вчера беше поразен од Борусија Дортмунд и сега ќе се надева во реваншот на свој терен …