Барселона покажува сериозен интерес за младиот напаѓач на Аталанта, Расмус Хојлунд, пренесуваат каталонските медиуми.
19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната и до сега има 23 меча во Серија А на кои постигна 7 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона сака прва да застане во редот за неговиот потпис и веќе спремила понуда од 40 милиони евра, бидејќи верува дека наскоро клубовите од Англија ќе понудат повеќе за младиот напаѓач.
Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 17 милиони евра, но неговата цена порасна повеќе од двојно.
Манчестер Јунајтед, Арсенал и Милан исто така ги следат настапите и се заинтересирани за напаѓачот.