Дома Фудбал Останато Тие се хит на сезоната: Нигерија има страшни напаѓачи!

Тие се хит на сезоната: Нигерија има страшни напаѓачи!

Нигериските напаѓачи се вистински хит во европскиот фудбал оваа сезона, а ги предводи Виктор Осимен.

Одличниот напаѓач на Наполи ја предводи трката за најдобар стрелец во Серија А со 19 голови на 22 настапи, но тој не е единствениот нигерски напаѓач кој оваа сезона го привлекува вниманието на фудбалските фанови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зад голгетерот на Наполи е Виктор Бонифаце, напаѓачот на Ројал Унион кој приреди изненадувањ исфрлајќи го Унион Берлин од Лигата на Европа. Напаѓачот белгискиот тим сезонава постигна 19 голови на 41 натпревар.

Трет на листата е Пол Онуачу од Саутемптон кој постигна 17 голови на 28 натпревари. Тереми Мофи од Ница постигна 15 голови на 24 натпревари, Адемол Лукман од редовите на Аталанта 14 пати се запиша во листата на стрелци на 27 натпревари, а Гриф Орбан од Гент сезонава има девет голови на 12 натпревари.

Кога е Орбан во прашање треба да се истакне дека во Конференциската лига во натпреварот против Башакшехир постигна хет-трик за само три минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед или Барселона? Рашфорд јавно кажа каде сака да игра следната сезона!

Рашфорд не успеа да го убеди Рубен Аморим да му даде шанса во Манчестер Јунајтед, но откак…