Дома Трансфер зона Баерн се повлекува од трката за Хари Кејн

Баерн се повлекува од трката за Хари Кејн

Баерн Минхен нема да влезе во трката за потписот на Хари Кејн, иако медиумите тврдеа дека Баварците се најсериозен кандидат.

Ули Хенес во разговор со „Скај Спорт“ истакна дека баварскиот гигант не планира да плати 100 милиони евра за услугите на англискиот репрезентативец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кејн сака да си замине следното лето од Тотенхем затоа што сака да игра за клуб каде ќе освојува титули.

„Јас можеби би сакал Баерн да плати 100 милиони евра за фудбалер, но тоа е невозможно. Кејн има речиси 30 години. Тотенхем лани за него одби 160 милиони евра од Манчестер Сити“, вели Хенес.

Во моментов како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед, кој наводно е спремен да ја плати споменатата сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…