Дома Македонски спорт Мак баскет Македонецот Јакимовски остана без заб во настапот за Вашингтон 🎥

Македонецот Јакимовски остана без заб во настапот за Вашингтон 🎥

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт беа убедливи против Универзитетот Калифорнија, (69:52), и втора година го елиминира истиот ривал во првата рунда од конференцискиот плеј-оф.

Македонскиот репрезентативец одиграа 29 минути, постигна 10 поени, а имаше и четири скока. А овој натпревар ќе го помарти и по еден несреќен момент во кој остана без еден заб, поради што мораше да интеревенира медицинскиот тим во Арената во Лас Вегас.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ова е првпат од јануари 1983 година Вашингтон Стејт да победи седум натпревари по ред против ривали од својата конференција.

За популарните „Кугарс“ нема одмор затоа што вечерва од 23:30 часот следува нов натпревар, против Орегон Дакс.

Овие екипи веќе играа во тековсмата сезона. Поделија по една победа. Вашингтон Стејт на домашен терен славеше со (68:65), а некој месец порано Орегон триумфираше пред своите навивачи со (74:60).

Во оваа фаза од НЦАА лигата нема поправен испит и секој пораз значи крај на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …