Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако и во вториот натпревар го совладаа ПСЖ со 2:0 и така со вкупни 3:0 обезбедија четвртфинале.
Меси така остана без титула во ЛШ и во својот втор обид со ПСЖ. Аргентинецот во Париз стигна 2021 година и минатата сезона испадна од Реал. Бидејќи се шпекулира дека Меси би можел да го напушти ПСЖ, но Европа на крајот на сезоната, Џејми Карагер порача дека вчера можеби последен пат го гледавме Аргентинецот во најелитното европско натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека ова беше последен пат да го гледавме Меси во Лигата на шампионите“, изјави Карагер.
Со Барселона Меси освои дури четири титули во ова натпреварување и зад себе има 129 голови, 11 помалку од рекордерот Роналдо.