Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Бенфика, Гонзало Гуаедеш кого во Португалија го нарекуваат „новиот Роналдо“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Гуедеш заинтересирани се многу клубови ширум Европа, пред се Валенсија, но „Скај Спорт“ пренесува дека Венгер ќе направи се за да го донесе на „Емирати“.
19-годишниот Гуедеш од 2014 година е во првиот тим на Бефика и на 36 настапи постигна 6 гола, а оваа сезона особено блеска во дресот на „орлите“.
Младиот Португалец неодоливо наликува на својот сонародник Роналдо, по техниката и физичката конституција, па во трката за неговиот потпис уште во јануари ќе влезат многу европски гиганти.