Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер на лето ќе остане без Скриниар, кој заминува во ПСЖ како слободен агент, а најверојатно ќе замине и Де Врај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Интер сака да доведе најмалку еден дефанзивец, а примарна цел е Миленковиќ од Фиорентина.
Србинот веќе неколку сезони игра одлично во Серија А и смета дека е вистински момент за чекор напред во кариерата.
Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 15 милиони евра, додека Фиорентина за неговата слобода бара 20 милиони евра.