Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека прва желба е дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, кој на лето сигурно ќе ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Миленковиќ има договор до 2023 година со „виолетовите“ и Интер веќе започнал преговори, па се верува дека двата клуба ќе најдат заеднички јазик за трансфер вреден 15 милиони евра.
„Нероаѕурите“ на лето најверојатно ќе го продадат Де Врај, па сакаат да донесат најмалку еден дефанзивец, а другата мета е Бремер од Торино.