Ливерпул сака да го засили тимот во летниот преоден рок, а позната е најголемата трансфер желба на Јирген Клоп.
Јирген Клоп има малку алтернативи во средниот ред и сака да донесе квалитетен играч за врска, бидејќи на лето заминуваат Кеита и Милнер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема желба е играчот на Брајтон, Моизес Каиседо, кој игра одлична сезона и се претстави добро и на Мундијалот.
Во зимскиот преоден рок Арсенал испрати неколку понуди за Еквадорецот, но Брајтон бараше големо обештетување, па не дојде до трансфер.
Ливерпул сега сака да ја победи конкуренцијата и е спремен да понуди 80 милиони фунти за Каиседо.