Дома Фудбал Останато Футсал: Македонија ја помачи Италија, но „Аѕурите“ сепак победија

Футсал: Македонија ја помачи Италија, но „Аѕурите“ сепак победија

Вчерасе одигеа футсал натпреварот помеѓу Италија и Македонија во Катанија, а на крајот победа славеа Италијанците со 6:3.

Македонските футсалци трипати го изедначуваа резултатот, но некаде од средината на второто полувреме падна нашето темпо на игра и силниот противник тоа знаеше како да го искористи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Натпреварот беше отворен уште во третата минута преку Куртули, а ние изедначивме три минути подоцна преку Крстевски. Италија во осмата минути повторно дојде до водство, но преку Петровиќ возвративме на 2:2. За водство на „Аѕурите“ на полувреме се погрижи Марсело во 16-тата минута.

Со голот на Ранготов во 22-та минута третпат го изедначивме резултатот, меѓутоа тука како да изгубивме сили да се надигруваме домаќинот. Следуваа два брзи гола, за во 37-та минута Калдероли да ги постави конечните 6:3.

Македонија на 5-ти март ја очекува нов натпревар и тоа против Шведска на домашен терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити го освои Карабао купот по победата над Арсенал

Манчестер Сити го освои Карабао купот, откако убедливо победи со 2:0 во финалето против Ар…