Дома Трансфер зона Лондонска битка, Арсенал спреми понуда од 80 милиони фунти!

Лондонска битка, Арсенал спреми понуда од 80 милиони фунти!

Aрсенал е во битка за шампионската титула во Премиер лигата, но исто така „топџиите“ размислуваат и за наредната сезона.

Новинарот на „Тајмс“ Гери Џејкоб објави дека Арсенал спремил понуда од 80 милиони фунти за доведување на Даклан Рајс со што би го победиле Челзи кој исто така сака да го доведе. Рајс важи за еден од најбараните англиски фудбалери, клубовите од Манчестер исто така покажале интерес.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Планот на Артета е доведување на централен играч за врска, покрај Рајс се споменува Моизес Каиседо од Брајтон кој според „Трансфермаркт“, има вредност од 38 милиони евра.

Освен тоа приоритет е и доведување на лев бек и едно крило. Арсенал во овој момент се наоѓа на чело на Премиер лигата со два бода повеќе, но и со натпревар помалку во однос на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…