Дома Останати Тенис За првпат по 18 години Надал нема да биде во топ 10

За првпат по 18 години Надал нема да биде во топ 10

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе ги пропушти турнирите во САД поради повреда, па така за првпат по 18 години ќе испадне од топ-10 на АТП-листата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Надал има проблем со мускул на слабините, па поради тоа нема да игра на Индијан Велс и во Мајами, односно го чека пауза од шест до осум недели.

Шпанецот се очекува да се врати на турнирот во Монте Карло, каде што освои 11 титули во кариерата.

Надал во моментов е на осмата позиција со 3.315 бодови, но ќе загуби 600 поради тоа што нема да настапи на следните турнири и тоа значи испаѓање од топ-10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак Ѓоковиќ има нов тренер – ќе го почне „ловот“ на Ролан Гарос

Веќе некое време Новак Ѓоковиќ кажува дека новиот главен тренер би можел да биде само неко…