Дома Фудбал Останато Алаба објасни зошто гласал за Меси пред Бензема

Алаба објасни зошто гласал за Меси пред Бензема

Вчерашната церемонија на ФИФА и доделувањето на наградите за најдобрите помина прилично очекувано и без изненадувања, за оние што се очекуваше ги освојуваа наградите.

Лионел Меси го освои признанието за најдобар играч, второто и третото место им припадна на Французите Бензема и Мбапе. Реакции по објавувањето кој како гласал предизвика изборот на Давид Алаба.

Алаба како капитен на Австрија имаше право да гласа и за многумина е изненадување што го стави Меси пред неговиот соиграч Бензема. Поради бурните реакции и критиките кои ги добиваше фудбалерот мораше да се огласи.

„За реакциите во ФИФА гласањето: Националниот тим на Австрија гласаше како тим, не само јас. Сите во тимот имаат право на збор и така беше одлучен. Сите знаат колку го ценам Карим и неговите квалитети, често пати сум зборувал дека за мене е најдобриот напаѓач и така е и понатаму. Без дилеми“, објави Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен го разгледува Ник Попе како замена за Нојер

Баерн Минхен размислува за ангажман на голманот на Њукасл Јунајтед, Ник Попе, како дел од …