Дома Македонски спорт „Бомба“ од Островот: Премиерлигаш го сака Бојан Миовски?!

„Бомба“ од Островот: Премиерлигаш го сака Бојан Миовски?!

Бојан Миовски игра фантастична сезона во дресот на Абердин и веќе има 15 гола на 27 натпревари во најсилната фудбалска лига во оваа земја и ако продолжи со ваква форма на Абердин сигурно ќе му биде тешко да го задржи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе се појавуваат заинтересирани, а според последните информации интерес за Миовски покажал актуелниот премиерлигаш Саутемптон.

Оваа информација ја објави шкотскиот „Дејли Ехо“ кој додава дека последен пат скаутите на Саутемптон го следеле Миовски во дербито против Селтик. Веста за интересот доаѓа откако Македонецот беше херој против Ливингстон и го постигна единствениот гол во минималниот триумф на својот тим.

Саутемптон во овој момент е последен тим на табелата во Премиер лигата со 18 бодови од 24 кола, сепак Лидс кој прв тим над опасната зона им е одалечена само четири бода. Претходнот македонскиот голгетер се поврзуваше со Рен од Франција и италијански Лацио. Како и да е сигурно дека Миовски ќе сака да остане фокусиран на Абердин до крајот на сезоната, па потоа ќе размислува и ќе одлучува што понатаму во кариерата.

Ќе потсетиме во Абердин Миовски пристигна изминатото лето, пристигна од Унгарија каде што играше во дресот на МТК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бившиот тимски колега со остри критики за Роналдо: Бесен е заради хет-трикот на Меси!

Пол Сколс, некогашен соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, изрази незадовол…