Три англиски гиганти во летниот преоден рок ќе се борат за играчот за врска на Брајтон, Моисес Каиседо.
Имено, Челзи, Арсенал и Ливерпул го сакаат репрезентативецот на Еквадор и на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Брајтон веќе одби во јануари понуда за која се тврди дека била тешка 70 милиони фунти. Клубот не сака да се раздели со 21-годишниот фудбалер за сума помала од 100 милиони евра.
Англиските медиуми пренесуваат дека споменатите клубови се спремни да понудат 90 милиони евра за неговиот потпис.