Дома Фудбал Останато Шмајхел го критикува Бруно Фернандеш: Тоа беше глупав потег, мора да се опамети

Шмајхел го критикува Бруно Фернандеш: Тоа беше глупав потег, мора да се опамети

Манчестер јунајтед ја елиминираше Барселона од Лига Европа и избори осминафинале, а еден глупав потег направи Бруно Фернандез, по кој судијата покажа на белата точка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роберт Левандовски го реализираше пеналот за водство на Барселона од 1-0, а тоа предизвика критики од легендарниот Питер Шмајхел.

„Тоа беше глупав потег, да се повлече фудбалер кој излегува од казнениот простор. Воопшто не треба да направи контакт во таква ситуација. Мора да се опамети“, кажа Шмајхел.

Португалецот, сепак, се поправи за грешката кога му асистираше на Фред за 1-1, а потоа Антони погоди за целосен пресврт и триумф од 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал подготвува мегатрансфер – нуди 220 милиони евра за една од главните ѕвезди на СП

Реал Мадрид е подготвен да руши рекорди за да го доведе Мајкл Олисе од Баерн. Според напис…