Баерн Минхен во денешните натпревари во Бундеслигата беше поразен на свој терен од Борусија Менхгладбах со 3:2.
Натпреварот не започна најдобро за Баерн бидејќи Дајо Упамекано доби црвен картон во деветтата минута, а четири минути подоцна Менхенгладбах поведе со голот на Ларс Штиндл. Во 35 минута Баерн израмни преку Ерик Максим Чупо-Мотинг и на одмор се замина со резултат 1:1.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Менхенгладбах стигна победата со головите на Јонас Хофман во 55 минута и Маркус Турам во 84 минута. Баварците до крајот на мечот успеаја само да го ублажат поразот со голот на Матис Тел во 93 минута.
Баерн го претрпе вториот пораз сезонава и е моментно прв на табелата со 43 бодови, односно има само бод повеќе од Унион Берлин, кој утре го игра својот натпревар од ова коло.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ: Бохум – Фрајбург 0:2, Штутгарт – Келн 3:0, Волфсбург – Лајпциг 0:3.