Дома Фудбал Италија Јувентус не го победи Нант, но на никој не му е јасно како „старата дама“ не доби пенал 🎥

Јувентус не го победи Нант, но на никој не му е јасно како „старата дама“ не доби пенал 🎥

Јувентус и Нант вечерва одиграа 1:1, а вистинска драма гледавме во самата завршница.

Навивачите на Јувентус конечно дочекаа тандем Киеза – Влаховиќ вечерва против Нант, а овој тандем проработи веќе во 13-тата минута кога Италијанецот одлично го пронајде Влаховиќ по долгата топка од Ди Марија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Продолжи Јувентус да доминира, но не успеа да ја зголеми предност. Второто полувреме донесе поинтересен фудбал, а Нант по една контра на истекот на еден час игра го изедначи резултатот. Биас ја погоди мрежата на Шчесни.

По само две минути од голот на Нант Јувентус имаше огромна прилика за изедначување, но топката по шутот на Киеза заврши во пречката и стативата, но не и во мрежата.

Во последните минути настана вистински хаос бидејќи на никој не му беше јасно како Јувентус не доби пенал по играњето со рака во шеснаесетникот на фудбалерот на Нант.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ

Баер Леверкузен – Монако 2:3

Севиља – ПСВ 3:0

Спортинг – Мјитиланд 1:1

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал вчера сруши рекорд на Мбапе во Лигата на шампионите

Младиот талент на Барселона, Ламине Јамал, вчера вечер запиша уште еден неверојатен рекорд…