Шпанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти би може да добие отказ од Реал Мадрид на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал во последнит пет недели дозволи Барселона да му побегне на големи осум бодови на врвот во Ла Лига. Поради тоа „кралевите“ размислуваат за тренерска смена на крајот на сезоната.
Како што најавуваат англиските и шпанските медиуми, најголема желба на Реал Мадрид за тренерската позиција е Јирген Клоп. Актуелниот менаџер на Ливерпул влезе во резултатска криза со тимот оваа сезона.
Претседателот Флорентино Перез е голем симаптизер на Клоп и внимателно ја следи ситуацијата, па ќе направи се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.