Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека е целосно сигурен во невиноста на неговиот клуб.
Премиер лигата покрена обвиненија за финансиски малверзации на „граѓаните“, но Гвардиола вели дека им верува на сопствениците и не размислува за заминување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луѓето од Манчестер Сити не ме лажеле. Видете што се случи со УЕФА, не сме направиле ништо лошо. Зошто да не им верувам на моите луѓе. Јас сум потполно уверен дека ние ќе бидеме прогласени за невини. Ако треба да бирам дали да им верувам на 19те клуба од Премиерлигата или на зборовите на моите луѓе, ќе ги одберам моите луѓе во Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
„Доколку се докаже дека сме виновни, ќе ја прифатиме казната која ќе ја одреди Премиер лигата. Нема да заминам од ова столче, сега сакам да останам во Манчестер Сити повеќе од било кога, 100 проценти сум сигурен“, додаде Пеп.