Директорот на Баерн Минхен потврди дека во јануари пристигнале понуди за Бенџамин Павард, но Баварците не сакале да го пуштат Французинот.
Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Еминентниот новинар Фабрицио Романо открива дека најсилен интерес за него покажуваат Интер и Барселона.
„Нероаѕурите“ во јануари испратиле понуда за позајмица со задолжителен откуп бидејќи во него гледаат идеална замена за Скриниар.
Барселона исто така го сака Французинот и ќе се обиде да го донесе во летниот преоден рок.