Паоло Дибала игра одлично во својата прва сезона во дресот на Рома, меѓутоа ако се земе предвид неговата клазула во договорот тогаш не е невозможно да ја напушти „волчицата“ во текот на летото.
Во редовите на Рома, Дибала пристигна како слободен играч и поради тоа можеше да преговара за подобар договор. Но, сега италијанските медиуми откриваат дека Рома прифатила во неговиот договор да има откупна клазула од само 12 милиони евра и таа може да биде активирана на лето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секако дека ако се знаат сумите кои се вртат во денешниот фудбал ова е вистинска ситница. Најавите на италијанските медиуми се дека Рома ќе се обиде да издејствува нов договор со Аргентинецот и бришење или менување на ваквата клазула.
Дибала засега изгледа среќно во Рома и добро се вклопи во системот на Жозе Мурињо, но секако дека многу работи ќе зависат и од амбициите на клубот.