Милан се наоѓа во исклучително лоша форма, па сега конечно пристигнаа добри вести за тренерот Пиоли.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ е целосно рехабилитиран од повредата и ќе биде повикан за мечот со Торино овој викенд.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ибра денес го одработил целиот тренинг со остатокот од тимот, па ќе биде спремен да одигра 20-ина минути на мечот со Торино.
Ветеранот го оперираше коленото по завршувањето на минатата сезона, но не се откажа и реши да се рехабилитира и повторно да се врати на терените.
Во клубот се надеваат дека со враќањето на Ибра во соблекувалната може да се надмине кризата во кој западна тимот, бидејќи 41-годишниот напаѓач е вистински лидер на тимот.