Дома Фудбал Останато Роналдо прво се посрамоти со два промашени зицери, па конечно погоди

Роналдо прво се посрамоти со два промашени зицери, па конечно погоди

Фудбалерите на Ал Наср ремизираа денес на гости кај Ал Фатих (2:2) во рамките од 16. коло во Првата лига на Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во центарот на вниманието констатно во натпреварот беше Кристијано Роналдо кој го постигна првиот гол за Ал Наср и тоа од пенал во 93. минута.

Се започна откако поранешниот фудбалер на Барселона, Кристијан Тељо погоди за водство од 1:0 на Ал Фатих, Роналдо набрзо погоди, но тој гол беше нерегуларен.

Изедначување за Ал Наср донесе Талиска. Во продолжение Роналдо пропушти две големи прилики, а Ал Фатих преку Бендебек ја врати предноста, за во финишот Роналдо да биде стрелец од пенал. Во последните моменти од натпреварот Талиска заработи исклучување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Британски фудбалер направи скандал: Беснеел со 307 километри на час, доби четири години затвор! (Видео)

Фудбалерот возел со неверојатни 307 км/ч и сè објавил во видео формат. Сега е осуден на по…