Шпанскиот новинар Томас Гонзалес кој се специјализираше како инсајдер за Реал Мадрид на својот канал на „Јутуб“ зборуваше за плановите на Реал Мадрид за последниот ден од преодниот рок.
Гонзалес истакна дека агентите на Јошко Гвардиол и Душан Влаховиќ ги понудиле своите играчи на „кралевите“.
🚨 Vlahovic y Gvardiol dijeron a sus agentes que querían jugar en el Real Madrid.
— Madrid Universe (@universemadrid1) January 31, 2023
– El delantero serbio quiere irse de la Juventus por la crisis que atraviesa el equipo. @tgm46 🥇
-Gvardiol es un gran seguidor del Real Madrid. pic.twitter.com/yrXScS0sm5
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Влаховиќ добро ја започна својата епизода во Јувентус, но потоа во Торино се појавија проблеми и многумина сега сметаат дека изборот да премине во Јувентус бил грешка.
Ситуацијата дополнително се искомплицира откако стигна казната за Јувентус и одземените 15 бодови.
Мала е веројатноста нешто да се случи до крајот на денот кога завршува преодниот рок, тешко дека има време за таква поголема операција. Освен тоа Анчелоти со својата последна изјава во медиумите истакна дека Реал нема да се засилува овој месец.